Кандидатот за претседател на Индонезија Прабово Субианто не го признава пребројувањето на гласовите

Од:

Кандидатот за нов претседател на Индонезија, Прабово Субианто, само неколку часа пред објавувањето на резултатите од претседателските избори, оддржани на 9 јули, објави дека се повлекува од изборниот процес.

Тоа, според Прабово, не значи откажување од претседателската функција, бидејки неговиот тим, кој ангажирал 2.000 адвокати има собрано докази за нерегуларности за кои тој ќе бара арбитража од Уставниот суд на Индонезија.

Прабово е кандидат на коалицијата предводена од Партијата за голема Индонезија „Гериндра’’. Од почетокот на пребројувањето на гласовите од над 130 милиони Индонезијци кои излегоа на изборите за нов претседател, Прабово има меѓу четири и шест отсто помалку гласови од второт кандидат Јоко Видодо.

Поради претпоставки за можни судири меѓу поддржувачите на двајцата кандидати по соопштувањетона резултатите, полицијата и армијата во Индонезија се на висок степен на готовност. Само во Џакарта, за одржување на редот и мирот, покрај редовните 30, ангажирани се уште 25.000 полицајци од резервниот состав, а во касарните е воведен таканаречен „жолт’’ аларм.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени