Канаѓанка уапсена во Колумбија при обид за шверц на коакаин преправајќи се дека е бремена

Од:

Една 28-годишна Канаѓанка е уапсена на аеродромот во Богота, при обид да прошверцува кокаин во лажен стомак, што требало да ја прикаже како бремена жена.

Таа е уапсена по интервенција на една од полицајките на аеродромот, која не сомневајќи се ја прашала Канаѓанката колку долго е бремена. Кога оваа грубо одбила да и одговори, жената во униформа ја допрела по стомакот и тогаш се изненадила колку е тој тврд, но и студен.

Канаѓанката тогаш почнала да ја уверува полицајката дека е бремена во седми месец и дека сака што е можно побрзо да си оди дома, но полицијата се заинтересирала за жената и побарала таа да биде претресена.

При проверката е утврдено дека туристката од Канада е лажно бремена, како и дека во вешто направениот стомак имало скриено 2,5 килограми кокаин.

Жената чиј идентитет не е откриен, е уапсена во моментот кога се подготвувала да влезе во авионот на летот за Торонто. Таа допатувала во Колумбија, на почетокот од август.

Претставник на колумбиската полиција изјави дека ова не е прв пат полицијата да открие шверц на дрога, на аеродромот во Богота. Досега оваа година, околу 150 луѓе се фатени при обидот да изнесат кокаин од Колумбија. Една третина од сите уапсени се странски државјани.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов