Канадскиот премиер на инаугурација на Порошенко

Од:

Канадскиот премиер, Стивен Харпер во сабота ќе присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на Украина, Петар Порошенко во Киев, соопшти неговиот кабинет во Отава.

-Канада е лидер во глобалниот одговор на руската агресија во Украина. Канада воведе санкции против повеќе од 100 лица и други учесници одговорни за кризата и испрати стотици набљудувачи да помогнат изборите во Украина да бидат фер и слободни и обезбеди фондови за помош во спроведување на стопанските реформи, се наведува во соопштението.

Инаку премиерот Харпер е еден од учесниците на самитот Г7, кои денес без Русија ќе се сретнат во Брисел.

Канада и Украина имаат блиски билатерални односи откако на 2-ри декември 1991 година, таа прва од државите од запад ја призна Украина како самостојна.

Во Канада живеат повеќе од 1.200.000 граѓани со украинско потекло, кои придонесуваат на политичката, безбедносна и трговска соработка на двете држави.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски