Канадскиот премиер го посети украинскиот град Ирпин

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска го посети украинскиот град Ирпин, во регионот на Киев, каде што разговараше со градоначалникот Олександар Маркушин.

Маркушин на својот фејсбук-профил напиша дека разговарал со премиерот на Канада.

– Дојде во Ирпин да го види со свои очи целиот ужас што руските окупатори му го направија на нашиот град. И, се разбира, тој беше шокиран. Ги виде изгорени и целосно уништени куќите на жителите на Ирпин кои до неодамна се радувале на животот и имале свои планови за иднината, напиша Маркушин на Фејсбук.

Тој му се заблагодари на Трудо за поддршката на Канада за Украина и додаде дека верува во натамошна соработка кога станува збор за обнова на украинските градови по завршувањето на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков