Канадски војници го тужат Министерството за одбрана поради задолжителната вакцинација

Од:

Федералниот суд во Канада ќе ја разгледа тужбата поднесена од четворица припадници на канадските вооружени сили во врска со наредбата на Министерството за одбрана за задолжителна вакцинација против коронавирус, јави Си-Би-Ес.

Претходно, Министерството за одбрана издаде наредба со која се бара сите војници да се вакцинираат против коронавирус до крајот на ноември или да се соочат со дисциплински мерки, вклучително и отпуштање од армијата. Рокот подоцна беше продолжен до 18 декември.

Адвокатката на тужителите, Кетрин Кристенсен, рече дека иако Министерството за одбрана одобрило одбивање на вакцина од медицински, верски или хуманитарни причини, соодветните барања на нејзините клиенти биле одбиени. Еден од тужителите, потполковник Ило Антонио Нери, напиша во изјавата дека „нема причина да се верува на тврдењата на владата дека вакцините против коронавирус се ефикасни и безбедни“.

Канадската влада, исто така, објави дека сите федерални службеници мора да бидат целосно вакцинирани против коронавирусот или ќе бидат ставени на неплатено отсуство.

Би можело да ве интересира

Канада возврати на царините на Трамп

Тревога во Отава: „Заклучете ги сите врати”, бројни полициски сила се на терен

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нијагарините водопади обоени во црвено-жолта боја во спомен на жртвите во катастрофалниот пожар во Кочани

Катерина Ѓуровски

НАТО ќе побара од Европа и Канада да ги зголемат воените капацитети за 30 отсто

Горан Наумовски

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Не ни требаат вашите автомобили, дрво и нафта, набрзо ќе видите – Трамп им се закани на Канаѓаните