Канада лансира сателити кои знаат кога ќе ждригне крава и кога ќе точите дизел

Од:

Борбата против стакленички гасови и емисиите на јаглерод од Земјата се пресели во орбитата благодарение на канадската компанија „GHG Sat“, која неодамна го лансираше првиот светски комерцијален сателит посветен на следење на јаглерод диоксидот од орбитата и тврди дека ќе биде „менувач на играта“. Сателитот, наречен Vanguard, ќе може да детектира емисии од поединечни електрани на јаглен и гас, големи рафинерии за нафта, челичарници и други загадувачки индустриски капацитети. Извршниот директор на „GHG Sat“, Стефан Жермен, на листата ги додава топилниците на алуминиум, фабриките за цемент и, се разбира, термоелектраните.

Иако веќе има голем број мисии на националните вселенски агенции кои го следат CO₂, Vanguard е првиот комерцијален сателит кој ја извршува оваа света должност. Освен тоа, НАСА има свои опсерватории за јаглерод во орбита, Јапонија ја води својата мисија „Go Sat“, а Кина го има „Tan Sat“, кој исто така го мери CO₂, но како што сега стојат работите, тој не игра преголема улога во животите на Кина. Сепак, овие сателити не ги следат поединечните емитери како што ќе прави Vanguard, туку се фокусираат на големи области и варијации на јаглерод диоксид во атмосферата.

Тоа не е првиот сателит направен од канадската компанија „GHG Sat“ кој плови во орбитата. Основана во 2011 година, „GHG Sat“ моментално управува со флота од шест сателити кои го следат и детектираат помоќниот, но помалку застапен стакленички гас – метан. Својот прв сателит наречен Клер го лансираше во 2016 година и оттогаш неколку пати беше на насловните страници во светот и се здоби со репутација поради револуционерната способност да детектира истекување на метан од гасоводи, скриени емисии од депониите и слично. Имено, неговите сателити веќе направија добра работа кога детектираа големи истекувања на метан од гасните полиња во Туркменистан и руските рудници за јаглен, а неколку пати веќе забележаа големи истекувања или испуштања на метан од различни светски депонии. Во еден момент дури се пофалил дека видел како крави подригнуваат, односно метанот што кравите го испуштаат на тој начин.

Vanguard беше лансиран во мисијата на SpaceX за споделување возење „Транспортер 9“ во саботата, 11 ноември, заедно со два нови сателити за следење на метан во соѕвездието GHG Sat. Ќе орбитира околу Земјата на височина од 500 километри, снимајќи ја секоја точка на планетата на секои две недели. Сателитот се користи со нов иновативен инструмент произведен од самата компанија, кој го нарече „широкоаголен интерферометар Fabry- Pеrot за откривање и квантифицирање на емисиите на најчестиот стакленички гас, јаглерод диоксид“.

Жермен објасни дека инструментот детектира „присуство на стакленички гасови со анализа на уникатната шема на апсорпција на светлината на воздушната колона над секоја точка на Земјата“.

– Секоја хемиска молекула различно ја апсорбира светлината, а со анализа на мерењата, истражувачите можат да го откријат присуството и да ја квантифицираат количината на конкретниот гас од интерес. Бараме многу специфични линии за апсорпција. Количината на гас во атмосферата тогаш е пропорционална на количината на апсорпција на светлина на тие одредени бранови должини. Значи, можеме да ја измериме концентрацијата на јаглерод диоксид во секој пиксел од нашето видно поле – рече Жермен.

Бидејќи концентрациите на јаглерод диоксид во Земјината атмосфера се генерално многу повисоки од концентрациите на метан, другите сателити претходно имаа потешкотии во обидот да откријат поединечни човечки извори на најчестите гасови со ефект на стаклена градина. Меѓутоа, во јануари оваа година, истражувачите користејќи ги податоците од Орбитирачката јаглеродна опсерваторија 2 (OCO-2) на НАСА беа во можност да ги измерат флуктуациите на емисиите на јаглерод диоксид произведени од најголемата европска електрана на јаглен. Со анализа на мерењата направени за време на неколку премини на OCO над најголемата европска електрана на јаглен, електраната Белчатов во Полска, истражувачите беа во можност да детектираат флуктуации поврзани со исклучувањето и надградбата на одделните единици на централата. Сепак, новиот сателит GHG Sat ќе обезбедува такви мерења и податоци на дневна основа.

– Имаме видно поле од 12 x 12 километри, каде што имате повеќе од милион пиксели. Ја квантифицираме концентрацијата на секое поле и ако видиме високи концентрации на одредена локација, знаеме дека таму има извор – објасни Жермен.

извор: lidermedia.hr

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза