Канадската влада соопшти дека во четврток испратила воен транспортен авион, со опрема за украинските трупи, кои ја обезбедуваат границата со Русија.
-Пратката е одговор на рускиот експанзионизам и милитаризам во источна Украина-наведе канадскиот премиер Стивен Харпер, најавувајќи дека оваа пратка е прва во низата, пренесе „Франс прес“.
Опремата содржи шлемови, очила, заштитни елеци, комплет прва помош, шатори и вреќи за спиење.
Е. Г.