Кан: ЕУ да се подготви да го одложи Брегзит

Од:

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, во посета на шефот на европскиот преговарачки тим, Мишел Барние, во Брисел денеска предупреди дека ЕУ треба да се подготви да го одложи Брeгзит додека не се одржи втор референдум или избори со нова влада, која ќе испреговара “подобар договор“.

– Со толкав влог за Обединетото Кралство и за ЕУ, и со претстојниот пораз на британската Влада во Парламентот, се надевам дека Мишел Барние и ЕУ ќе се согласат да почнат да се подготвуваат за продолжување на Членот 50 за да можеме да избегнеме политичка и економска криза која би имала огромни последици за цела Европа, изјави лондонскиот градоначалник.

Обединетото Кралство треба да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година, но за сега не е испреговаран договор со Британците за нивното напуштање, а најкомплексното прашање – ирската граница, сѐ уште не е решено, што предизвикува загриженост од двете страни.

– Лош договор за Брегзит, или, полошо, непостигнување договор е лошо за Лондон, лошо за нашата земја, и лошо за ЕУ, изјави Кан и додаде дека му рекол на Барние дека од договорот очекува да обезбеди цврсти гаранции за правата на граѓаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија.

Кан во Брисел ќе се сретне со тројца други еврокомесари, а потоа ќе ги посети Париз, Берлин и Даблин.

На референдумот за напуштањето на Обединетото Кралство на ЕУ, Лондон масовно гласаше за останување во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија