Камилов: Узбекистан нема да распореди американски воен контингент на своја територија

Од:

Министерот за надворешни работи на Узбекистан Абдулазис Камилов рече дека нема ништо против размена на информации со странски разузнавачки служби за спречување терористички напади.

– Узбекистан нема намера да распореди американски воен контингент на своја територија, но ќе биде подготвен да размени разузнавачки информации со Вашингтон како дел од борбата против тероризмот, изјави министерот Камилов за руските медиуми.

Тој уште еднаш потврди дека ова прашање (за распоредувањето на американските војници) не е на дневен ред. – Не се дискутира за тоа. Ниту е иницирано, изјави шефот на узбекистанската дипломатија.

– Што се однесува до соработката со која било земја, без разлика дали тоа ќе биде САД или која било друга, ние сме подготвени да соработуваме и да ја продолжиме соработката во спречувањето на тероризмот во рамките на меѓународната практика, меѓународното право и меѓународните конвенции и договори на кои сме потписници, истакна Камилов.

Тој рече дека Узбекистан нема ништо против размена на информации со странски разузнавачки служби за спречување терористички напади.

Камилов нагласи дека на САД им било кажано дека Узбекистан нема да толерира распоредување американски војници на своја територија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски