Камиказа нападна полициска станица во Индонезија

Од:

Неидентификуван маж на мотоцикл изврши самоубиствен напад врз полициска станица во централна Индонезија, пренесоа американските медиуми.

Според началникот на полицијата, мажот се обидувал да влезе во станицата во градот Посо, во провинцијата Централно Сулавеси, кога бомбата експлодирала, убивајќи го на место.

Од експлозијата бил ранет еден градежен работник, кој бил во близина, а нема убиени полицајци.

Бомбата експлодирала во близина на џамијата на станицата, посочи полицијата.

Посо има историја исполнета со насилство забележаа американските медиуми. Во конфликтот меѓу тамошните муслимани и христијани во периодот меѓу 1998 и 2002 година беа убиени минимум 1.000 лица.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници