Камерон: Одговорите на Брисел за британските барања за реформа на ЕУ се ветувачки

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека одговорите на барањата на Велика Британија за реформирање на Европската унија се ветувачки, но се уште недоволни.

– Ветуваат со предлози, со интересни идеи, но тоа се уште не е доволно. Не е доволно силно, изјави Камерон за радио Би-Би-Си од Брисел.

Камерон денеска во Брисел имаше средба со претседателите на Европската комисија Жан Клод Јункер и на Европскиот парламент, Мартин Шулц.

Тој изјави дека се надева оти договор ќе биде постигнат до средината на февруари, пред Самитот на ЕУ, што би му овозможило најавениот референдум за останување или за напуштање на Унијата да го организира оваа година, а не до крајот на 2017 како што претходно најавуваше.

Доколку обезбеди договор со ЕУ, што би требало да го поддржат сите други 27 земји-членки, британскиот премиер најави дека на референдумот ќе ја предводи камапањата за останување на Велика Британија во Унијата.

Камерон исто така рече дека ќе ја почитува одлуката на мнозинството Британци, доколку тоа значи напуштање на ЕУ, но порача оти нема да поднесе оставка, доколку доживее пораз на референдумот.

Британските предлози за „реформирање на ЕУ“ се сведени на четири основни барања – исклучување на Велика Британија од сите натамошни процеси за поцврста интеграција на Унијата,  блкирање на социјалните бенифиции за еврпските мигранти, поголеми овластувања за националните парламенти и посебен третмат за земјите кои не сакаат да се приклучат во еврозоната.

Главнината на денешните разговори Камерон-Јункер се однесуваа на инсистирањето на официјален Лондон да биде блокирано правото на социјални бенефиции за мигрантите од земјите-членки на ЕУ во првите четири години од нивното работење во Велика Британија, на што најостро се противат државите од Централна и Источна Европа.

Таквото британско барање сега се нарекува „сопирачка за вонредни ситуации“ и се врзува за миграцијата воопшто. Тоа би значело можност да се блокираат социјалните фондови при поголем приплив на мигранти.

Даунинг стрит 10 претходно соопшти дека „има напредок“ во разговорите на Камерон со европските партнери, но конзервативните евроскептици сметаат дека ова е недоволно за Велика Британија, затоа што Лондон би морал одново да бара „дозвола“ од ЕУ за да ги заштитува своите граници од имиграцијата.

Во текот на овој вкенд, Камерон ќе има работен ручек со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, а пред 18 февруари и Самитот на ЕУ, одново ќе се сретне и со германскиот канцелар Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он