Камерон-Меркел: Потребна е работа за постигнување договор за реформирање на односите меѓу Лондон и ЕУ

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон и германската канцеларка Ангела Меркел вчера во телефонски разговор се согласија дека е неопходна поинтензивна работа за да се постигне договор за реформирање на односите меѓу Велика Британија и ЕУ.

Камерон се надева дека ќе биде постигнат договор со лидерите на ЕУ во врска со неговите планови за реформирање на односите меѓу Лондон и ЕУ пред средбата на врвот на 18 и 19 февруари. Тоа може да го отвори патот кон одржување референдум во Велика Британија за нејзиното членство во Унијата уште во јуни.

Меркел и Камерон се согласни и дека е постигнат напредок по европската средба на врвот минатиот месец и дека постои добра волја во ЕУ да се земе предвид загриженоста на Британците во сите четири сфери.

Би можело да ве интересира

Судир меѓу полицијата и демонстрантите на конгресот на АфД, не се знае дали има повредени

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на антисемитски инциденти во Германија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Германија: Полиција влезе во училишна зградата, учениците затворени во училниците

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Германски полицаец загина, а друг е тешко повреден додека го обезбедувале Виктор Орбан

Горан Наумовски

Германците пресметаа: Одморот во Хрватска е поскап отколку во Шпанија, Грција и Португалија