Камерон: Лондон не сака нова студена војна, но е подготвен за построги санкции против Русија

Од:

Велика Британија не сака нова „студена војна“, но е подготвена да поддржи затегнување на санкциите против Русија доколку процени дека таа „продолжува да ја дестабилизира ситуацијата во Украина“, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон во синоќешниот говор за надворешната политика на настанот организиран од Лондонското сити.

Како што пренесува ТАСС, британскиот премиер притоа ја нагласи заканата од „студена војна“ меѓу Западот и Русија, за која во последно време предупредуваат и други политичари.

– Не сметаме дека таквата разврска е неизбежна, и не се стремиме кон тоа, рече Камерон. „Тоа директно ќе му го кажам и на рускиот претседател Владимир Путин за време на нашата средба во Бризбејн, на крајот на оваа недела“, додаде тој.

Првите луѓе на Русија и Велика Британија на 15 и 16 номеври ќе учествуваат на средбата на земјите од Г-20, во австралискиот град Бризбејн.

Истовремено Камерон ги повтори традиционалните обвиненија на западните земји на адреса на Русија, забележа ТАСС.

– Активностите на Русија претставуваат сериозна закана за останатиот дел од Европа, изјави тој. „Доколку Русија продолжи по својот сегашен пат, тогаш ние ќе го засилиме притисокот и односите на Русија со останатиот свет во иднина ќе станат комплетно различни“, рече премиерот.

Тој повтроно ја изрази британската позиција за тоа дека за конфликтот во Украина не постои воено решение, но не прецизира какви чекори треба да се преземат за неговото мирно надминување, посочи ТАСС.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он