Камерон ги отфрли и осуди коментарите на Трамп за лондонската полиција

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон ги осуди и ги отфрли како неточни изјавите на американскиот милијардер Доналд Трамп, претендент за номинација на Републиканската партија на САД, за изборите следната година, што тој ги даде за лондонската полиција.

Во интервју за Ем-Ес-Ен-Би-Си (МСНБЦ) Трамп рекол дека „делови од Лондон, се толку многу радикализирани (од исламистите) што лондонската полиција се плаши за своите животи“.

Во соопштението на кабинетот на Камерон, во Даунинг стрит 10, се посочува дека „премиерот целосно не се согласува со погледите на Трамп и оценува дека тие се погрешни“.

– Станува збор за „раздорни, неполезни и комплетно погрешни ставови“, на Трамп, вели портпаролот во Даунинг стрит 10.

Реакцијата на Дејвид Камерон претставува редок случај во британската политичка пракса, еден премиер во Лондон да реагира на изјава, или коментар на американски политичар и претендент за Белата куќа, во текот на предизборната кампања.

Со своја реакција се огласи и градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон кој за изјавата на Трамп рече дека е бесмислена.

– Во Лондон се зборува на 300 разни јазици и овде постои горда историја за меѓусебна толеранција, па затоа тврдењето дека полицијата не може да оди во делови од градот, затоа што тие се радикализирани, е едноставно без секоја смисла, изјави Џонсон.

Претставник на лондонската Метрополитен полиција не сакаше да ги коментира зборовите на Американецот, освен што рече дека тие не се точни.

Во интервјуто за американската телевизија, Доналд Трамп во истотиот овој контекст, како за Лондон , го спеменувал и Париз.

Трамп кој уверливо води во трката за номинацијата кај републиканците, зборувал дека Париз не е она што некогаш бил и дека во некои делови од францускиот главен град, домашната полиција се плаши да оди, поради радикалните исламисти.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он