Калас: Европа подготвува план Б ако Трамп се повлече

Од:

ЕУ подготвува План Б за тоа како да ги одржи економските санкции против Русија доколку администрацијата на Доналд Трамп ги напушти мировните преговори за Украина и се движи кон зближување со Москва, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.

– Гледаме знаци дека тие размислуваат да ја напуштат Украина и не се обидуваат да постигнат договор со Русите бидејќи е тешко, изјави Калас за „Фајненшл тајмс“, осврнувајќи се на САД.

Таа додаде дека постои план Б, но дека прво мора да работат на спроведување на планот А.

Калас, исто така, рече дека се во тек разговори со Вашингтон и други меѓународни партнери за да се обезбеди дека западниот режим на санкции против Русија останува на сила, објави Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Трамп верува дека во Иран се случила промена на режимот

Трамп: Иран ќе биде целосно уништен ако не попушти, НАТО не прави ништо

Иран: Трамп се обидува да купи време

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран

Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток

Федерален суд нареди враќање на новинарите протерани од Пентагон