Калас: ЕК ги постави правните основи за формирање на Трибунал за војната во Украина

Од:

Високи правни експерти од Европската комисија, Европската служба за надворешни работи, Советот на Европа, Украина и 37 држави денеска ги поставија правните основи за формирање „Специјален суд за кривично дело агресија против Украина“, се вели во соопштението на Шефот на европската дипломатија Каја Калас.

Се додава дека присутните ги истакнале и клучните елементи на „Шумановиот нацрт-статут“, основниот законски текст што ќе го регулира функционирањето на Специјалниот суд.

„Кога Русија одлучи да ги премести своите тенкови преку границите на Украина, кршејќи ја Повелбата на ОН, таа изврши едно од најтешките прекршувања: злосторството за агресија. Сега, правдата доаѓа. Правда за Украина. Ги поставивме правните основи за Специјалниот суд“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Таа нагласи дека Русија „мора да плати за агресијата“ и дека ќе се формира Комисија за утврдување на барањата запишани во регистарот за штети во Украина.

Во изјавата на Калас се наведува дека Трибуналот ќе има право да бара одговорност од руските политички и воени лидери и дека Европската комисија усвоила Препорака до Советот да учествува во формалните преговори за формирање меѓународна комисија за барања за Украина.

Би можело да ве интересира

Русија тестираше ласер за неутрализирање на дронови

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

(ВИДЕО) Парализа на Украина: Русите отворија нов фронт

Руските компании сè почесто сами ги штитат објектите од украински дронови

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк

Руски воен хеликоптер влезе во полскиот воздушен простор, Полска подигна борбени авиони