Како патиштата ги уриваат шумските екосистеми?

Од:

Climateprogress.com

За повеќето луѓе шумите се нешто низ што накратко се минува или пешачи. Едно ново истражување покажува колку многу човештвото ги искроило овие пејсажи според нашите лични потреби и по цена на останатиот свет на природата.

Откритијата кои беа објавени во списанието Сајанс адвенсис, потврдуваат некои дамнешни докази кои ни се достапни, како екосистемите и видовите реагираат на губењето на животниот простор (хабитатот) и неговата фрагментација со текот на времето. Се потврди дека овој тренд е далеку понегативен.

– Постојано има исчезнѕвање на видовите – птици, пеперутки, растенија – при секој експеримент, а овие експерименти многу варираат, изјави за ТинкПрогрес Хик Хадад, биолог од Државниот универзитет на Јужна Каролина и главен автор на студијата за фрагментација на хабитатот. „Но сите тие уште повеќе уназадуваат“.

Хадад рече дека бил „шокиран“ од откритијата во студијата за тоа колку многу „ги сецкаме и делкаме“ шумските екосистеми преку човековиот развој, што вклучува се, од изградба на железнички пруги до сечење на дрвја за добивање обработливо земјиште.

– Очекував да видам повеќе шуми на подалечени места и повеќе дивина, рече тој. Собирајќи повеќе студии кои хронолошки ги бележат глобалните поделби на хабитатот во изминатите 35 години. Хадад и неговите коавтори откриле дека само два „големи појаси“ на шуми останале на Земјата – бразилскиот Амазон и базенот на Конго. Тие исто така откриле дека околу 70 проценти од останатата глобална шумска покривка е во рамките на еден километар од човечкиот развој.

– Кога се пресметавме, ако застанете во која било  шума на било кој дел од планетава, има една од пет шанси дека сте 100 метри – што е должината на фудбалски терен – од работ на шумата, вели Хадад. „И има три четвртини шанса дека сте километар оддалечени од работ. Тоа се само неколку градски блокови. Можам повеќе од тоа да видам дури и од мојата канцеларија“.

Студијата исто открива дека фрагментацијата на хабитатот го редуцира биодиверзитетот за 13 до 75 проценти, и го осакатува функционирањето на екосистемите со мешање на циклусите за исхрана, а ефектите се најстрашни во најмалите и најизолираните фрагменти.

Хадад вели дека дури и неколку децении откако ќе настапи фрагментацијата, влијанието на еколошко ниво сеуште трае, а ние „на крајот не знаеме кои ќе бидат ефектите од губењето на хабитатот и фрагментацијата“.

На извесен начин, оваа студија е конзевративна во проценката на влијанието од развојот. Со фокусирање само на фрагментацијата на хабитатот со патишта, земјоделие и со друга инфраструктура, авторите ги игнорираат понатамошните негативни промени кои се случуваат во шумите, вклучувајќи ги тука и климатските промени, таложењето на хранливите материи, и инвазивните видови.

– Во реалните пејсажи, исто така се случуваат и други промени, рече Хадад. „Климатските промени дефинитвно ќе ја забрзаат ситуацијата“.

На пример, на северната хемисфера зголемените температури предизвикуваат многу хабитати на видовите полека да се преместуваат кон север. Хахад вели дека „сецкањето и делкањето“ на екосистемите делуваат како стапици за овие растенија и животни кога имаат потреба да се движат, со цел да останат во нивниот избран опсег од хабитатот.

Црпењето на ресурси преку развојот на рударството и фосилните горива, фрагментира и некои поддалечени региони како што се канадските шуми Бореал. Хадад бил изненаден до тој степен што шумите Бореал во Канада и во Сибир се веќе исцепкани. Кога еднаш некоја шума ќе се фрагментира, губи и многу повеќе отколку самото губење на квадратни метри.

– Сите шуми не се еднакво создадени, вели Хадад. „Важно е колку сте блиску до работ на шумата – а ова влијае и на остатокот а екосистемот“.

Хадад и други 25 и повеќе автори се согласуваат дека нешто мора да се стори во врска со ситуацијата, посебно во светло на новите откритија.

– Овие откритија индицираат итна потреба од преземање мерки за конзервација и реставрација за севкупно да се подобри поврзаноста на пејсажот, со што ќе се намали стапката на истребувања на видовите и ќе помогне во одржувањето на услугите за екосистемот, се наведува во студијата.

Додека бројот на население во светот расте, и потребно е повеќе животен простор, повеќе земјоделски приноси, и повеќе исцрпување на ресурси, истражувачите предупредуваат дека долгорочното негативно вијание со фрагментацијата на хабитатот врз биодиверзитетот и здравјето на екосистемите „не се доволно ценети“.

Д-р Ларс Брудвиг, асистент професор по растителна билогија на Државниот уиверзитет во Мичиген и коавтор во студијата, за ТинкПрогрес рече дека најголемата закана за природните екосистеми е претворањето на шумите во земјоделско (обработливо) земјиште.

– Конверзијата на земјата во земјоделска не само што уништува парцели од природните екосистеми, туку и ги фрагментира и останатите природни области, и ги изложува на вклијанија за деградација на рабовите“, рече тој. „Јасно е дека ова е комплициран проблем, затоа што треба да го прехраниме човештвото; сепак, тоа сугерира на силна потреба за внимателно планирање на новото земјоделство и за другиот развој, како и нови пристапи кон земјоделието кои најдобро ќе го избалансираат производството на храна со конзервацијата на биолошкиот диверзитет“.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска