Каја Калас: Словачка го одложува усвојувањето на новиот пакет санкции против Русија

Од:

Словачка го одложува усвојувањето на новиот пакет санкции против Русија, потврди денес високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

„Руската бомбардирачка кампања достигна рекордни нивоа, а гледаме зголемена употреба на забрането хемиско оружје од страна на Русија во Украина.Сето ова покажува дека Русија не сака мир“, заклучи таа, изразувајќи жалење што Словачка го блокираше усвојувањето на 18-тиот пакет санкции против Москва. Сепак, таа додаде дека ЕУ е „многу блиску до убедување“ на Словачка да воведе санкции против Русија, бидејќи, како што изјави, Европската комисија ги исполни барањата на Братислава, објавува Гардијан.

„Сега (одлуката) е на словачка страна и ние мора да го постигнеме овој договор. Веќе поминаа два месеци“, изјави таа за новинарите во Брисел.

Калас оцени дека санкциите се неопходни за да се лишат од средствата за водење на оваа војна на Русија и го поздрави предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе секундарни тарифи од 100 проценти врз Москва доколку не се постигне прекин на огнот во рок од 50 дена.

„Америка и Европа работат заедно, и ако работиме заедно, можеме да извршиме притисок врз Путин сериозно да преговара. Единствениот начин да се принуди Путин да ја заврши оваа војна е да се принуди, или поточно да се натера да го стори тоа“, заклучи Калас, според Танјуг.

Би можело да ве интересира

Русија: Западот користи груба сила против Иран, како што правеше против Југославија

А1он

Зеленски: Русија би можела да објави општа мобилизација за напад врз Балтикот

Шведска тврди: Русите не ја кажуваат вистината, Русија неизбежно се движи кон катастрофа

(ВИДЕО) Тигар скокна во публика во циркус во Русија

А1он

Двојни аршини: „Западот имаше едно правило за Косово, друго за Крим“

Москва: Русија не е подготвена да преговара со Украина без посредник