Кадиров: Подготвен сум да го дадам животот за Путин

Од:

Претседателот на руската република Чеченија Рамазан Кадиров денеска објави на социјалните мрежи дека е подготвен да го жртвува својот живот за Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин на 9 март го одликува чеченскиот лидер Кадиров со Орден за исклучителни достигнувања, додека народниот пратеник Андреј Луговој доби Медал за заслуги од втор степен.

Кадиров изјави дека сите заслуги за мирот и стабилноста на Чеченија се на Владимир Путин, јави ТАСС.

– Само неговата мудра политика, поддршка и помош, овозможија да се постигне стабилен мир, да заживее републиката, нејзината економија, култура и духовност, истакна Кадиров, додавајќи дека давањето на својот живот за таква личност е најлесна задача.

Кадиров е одликуван ден откако истражните органи соопштија дека двајца Чеченци, од кои еден поранешен полицаец, се уапсени под сомнение за учество во убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов на 27 февруари во Москва.

Би можело да ве интересира

Мистеријата на најблискиот соработник на Кадиров: Украинците тврдат дека Саидов е убиен, Русите го објавија неговото видео

А1он

Кадиров се заканува: Ќе ги победиме сатанистите

Ана Ололовска

Кадиров ја отфрли мобилизацијата во Чеченија: „Веќе дадовме доволно војници“

Ана Ололовска

Чеченскиот лидер Кадиров се повлекува од функцијата

Ана Ололовска

Чеченскиот лидер Кадиров: Распоредивме сили во Украина, бараме соборување на владата

Ана Ололовска

САД воведоа санкции против чеченскиот лидер Рамзан Кадиров

Жарко Настоски