Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров побарал од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да бидат екстрадирани уапсените чеченски терористи на турска територија, кои претходно имаат извршено повеќе злосторства во руската автономна република, соопшти прес службата на чеченската влада.
Според Кадиров, тројцата уапсени се лидери на терористите во Чеченија.
– Има веродостојни докази дека секој од нив организирал и извршил голем број терористички напади, убиства на војници, полицајци и цивили. Затоа ви се обраќам со молба позитивно да одговорите на прашањето за екстрадиција на овие криминалци, наведува Кадиров.
Тој го поздравил и значителното подобрување на односите меѓу Русија и Турција, како и „одлучните дејствија“ на Ердоган за „зачувување на мирот и стабилноста во Турција, спречување на воениот преврат и искоренување на тероризмот“.