Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров упати покана до претседателот на Франција, Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел да ја посетат Чеченија.
– Не е во ред да се обвинат руските медиуми за клевета кога вашето мислење е засновано на лажни информации. Францускиот претседател Макрон може да ја поведе Меркел со себе и да дојде во Чеченија да ја дознае вистината. Нашата врата е отворена, напиша Кадиров на руската социјална мреќа Телеграм.
Макрон по вчерашната средба со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е одлучен да ја следи ситуацијата со состојбата на човековите права на ЛГБТ популацијата во Чеченија.