„Кадифената револуција“ ќе се одбележи со протести

Од:

Чешка денеска ја одбележува 23-годишнината од „Кадифената револуција“ на 17 ноември 1989 година, кога беа одржани масовни протести против тогашниот Чехословачки комунистички режим, со што започна и неговиот пад.

Повод за демонстрациите беше убиството на студентот Јан Оплетал кој на 17 ноември 1939 година, од страна на нацистите за време на студенстки демонстрации. Настанот беше причина за собирањето на студентите на комеморативен марш во 1989 година, кој прерасна во масовни политички демонстрации кои подоцна доведоа до рушење на 40-годишниот комунистички режим во поранешна Чехословачка.

За денес најавени се неколку демонстрации во Прага, Брно и Острава против актуелната влада. Организатор е платформата „Стоп на владата” во која членуваат чешките синдикати, повеќе граѓански иницијативи и здруженија. Протестите се под мотото „Демократијата изгледа поинаку“.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски