Качински: Во Украина треба да се испрати меѓународна мировна мисија

Од:

Во Украина треба да се испрати меѓународна мировна мисија, изјави лидерот на полската владејачка партија Јарослав Качински на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.

„Мислам дека е неопходно да има мировна мисија, НАТО и евентуално некои пошироки меѓународни структури, но мисија што ќе може да одбрани, која ќе дејствува на украинска територија“, рече Качински на прес-конференцијата емитувана на полската телевизија.

Качински вчера допатува во Киев со воз, заедно со премиерите на Полска, Чешка и Словенија, Матеуш Моравјецки, Петер Фиала и Јанез Јанша. се првите странски лидери кои го посетија Киев од почетокот на руската инвазија

„Вашата посета на Киев во овој тежок момент е силен знак за поддршка на Украина. Ние навистина го почитуваме тоа“, наведе Зеленски во објава на Интернет.

На кратко видео објавено од неговата канцеларија се гледа како Зеленски разговара со Моравјецки, Фиала и Јанша, а на разговорите присуствува и полскиот вицепремиер Качински, лидерот на владејачката Партија на правото и правдата, кој се смета за главен носител на одлуки во земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков