Кац: Не ни треба ничија дозвола за да останеме во Либан

Од:

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Израел ќе се повлече од Либан.

„Не баравме дозвола од никого да влеземе во Либан, ниту ни треба дозвола да останеме таму“, рече Кац во соопштението, објави „Тајмс оф Израел“.

Кац рече дека е право и должност на Израел да ги брани северните делови на земјата од она што тој го нарече закана од „терористичката група Хезболах, чија цел е уништување на Државата Израел“.

Кац нагласи дека Израел, како што јасно стави до знаење израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ќе продолжи да има војници во безбедносната зона во Либан и ќе дејствува по потреба сè додека Хезболах не се разоружа низ целиот Либан и не се отстрани заканата за народот на северен Израел.

Трамп рече дека верува оти Израел ќе се повлече од Либан, иако Нетанјаху и други израелски претставници инсистираа дека израелската војска ќе остане таму сè додека Хезболах не се разоружа целосно.

Би можело да ве интересира

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он