Авганистанската престолнина Кабул, која има население од околу шест милиони луѓе, ќе биде под мерки на карантин до 28 март.
Сите жители на градот треба да останат во своите домови во ова време и да се воздржат од излегување надвор, освен ако тоа е апсолутно неопходно. Ќе бидат затворени сите спортски објекти, свадбени сали, места за богослужба и местата каде се собираат многу луѓе.
Сообраќајот на градскиот превоз е запрен. Ќе работат само продавници за храна, соопшти гувернерот на главниот град.
Сите владини канцеларии во градот и во покраината ќе бидат затворени, освен Министерството за здравство, градската администрација и безбедносните власти.
Се истакнува дека мерките имаат за цел да спречат ширење на новиот вид коронавирус.