Кабинетот на Ердоган: Медиумите погрешно ја цитираат изјавата на турскиот претседател

Од:

Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган појасни дека тој сака да организира состанок меѓу лидерите на Русија и Украина, а не меѓу Русија и САД, по погрешно цитирање во медиумите.

„Во наредниот период, можеби оваа недела, ќе се обидеме да ги собереме Владимир Путин и Володимир Зеленски во Истанбул преку одржување дополнителни средби со г-дин Путин, а покрај него и со г-дин Трамп“, рече Ердоган, објави турската Дирекција за комуникации.

Коментарите на Ердоган следеа по третата рунда украинско-руски мировни преговори што се одржаа во Истанбул на 23 јули, кои траеја помалку од еден час и завршија со повторно отфрлање на целосното примирје од страна на Русија.

За време на состанокот, Киев предложи самит меѓу претседателот Володимир Зеленски и Путин пред крајот на август – иницијатива што Кремљ сè уште не ја прифатил.

За време на преговорите, кои траеја околу 40 минути, не беше постигнат значаен напредок, но беше договорена размена на затвореници.

Би можело да ве интересира

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“

Зеленски најави соработка со европските партнери за деблокирање на помошта за Украина

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Семејства бараат враќање на повеќе од илјада Кенијци од војната во Украина

Песков: Меѓународното право повеќе не постои, заменето е со беззаконие

Горан Наумовски

Русите лансираа смртоносна нова ракета