Јужнокорејската армија во зголемена готовност поради хакерските напади од Пјонгјанг

Од:

Вооружените сили на Јужна Кореја се ставени во состојба на зголемена готовност поради зачестените хакерски напади од Сверена Кореја.

Како што јави Јонхап, јужнокорејското Министертсво за одбрана денеска одржа вонредна средба со претставници на Армијата, посветена на зголемената опасноста од хекерските напади.

– На средбата се разговараше за начините за справување со хакерските напади од Северот, изјави јужнокорејскиот заменик-министер за одбрана Хванг Ин-му.

Последниве денови во Јужна Кореја зачестија севернокорејските хакерски напади, при што главна цел беа смартфоните на високи воени и владини претставници и на службеници на разунавачките агенции.

– Воспставувањато на зајакната кибер безбеднист во одбранбената сфера е најзначајна цел во услови кога Северна Кореја има ангажирано над 6.800 луѓе за кибер војна преку постојани хакерски напади, додаде Хванг.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски