Јужнокорејското разузнавање Ен-Ај-Си призна дека пред пет години се обидело да влијае врз резултатите од претседателските и парламентарните избори во корист на тогаш владејачките конзервативци, манипулирајќи ги избирачите преку Интернет.
Интерната истрага утврдила дека две години пред изборите во 2012 година Одделот за кибер војна во Министерството за разузнавање создало триесетина екипи од цивили, кои имаат искуство со Интернет, со цел да влијаат врз електоратот со постови на различни сајтови на Твитер.
– Екипите имале задача да ги шират ставовите на Владата и да се борат со спротивставените мислења, кои ги претставувале како обиди на просевернокорејските сили да внесат раздор во државата, се наведува в соопштението на Ен-Ај-Ес.
На претседателските избори во 2012 година победи конзервативката Парк Геун-хе, а загуби левоцентристот Мун Џе-ин.
Оваа година сепак Парк беше отстранета од функцијата по корупцискиот скандал и по новите избори Мун застана на чело на државата. Новиот лидер вети рефори во разузнавачката сужба, со цел да спречи местење на изборите и да ги насочи напорите кон собирање и анализа на податоци за Северна Кореја и кон надворешнополитичките проблеми.
Портпаролот на опозициската партија на Парк Геун-хе изјави денеска дека разузнавањето ја почнало својата истрага од политички цели.
– Ен-Ај-Ес вели дека се дистанцира од политиката, но со оваа истрага повторно се меша во неа, додаде тој.