Јужнокорејско обвинителство бара апсење на поранешен претседател на земјата

Од:

Обвинителството во Јужна Кореја денеска побара да се издаде наредба за апсење на поранешниот претседател Ли Мјун-бак, обвинет за земање поткуп и други престапи.

Ли, кој беше претседател од 2008 до 2013 година, е осомничен за земање поткуп во висина од околу 10,3 милиони долари од националните разузнавачки служби, компании и други.

Тој, исто така, е обвинет за проневера и злоупотреба на власта.

Ако биде издадена наредба за апсење, Ли ќе стане четвртиот поранешен претседател на Јужна Кореја, уапсен по обвиненија за криминал. Тој бил испитуван во обвинителството цели 21 час во средата и четвртокот минатата недела.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски