Јужнокорејските опозиционери јавно ги бричат главите во знак на протест против власта

Од:

Јужнокорејскиот опозициски лидер Хуанг Кјо-ан е последниот во низата политичари кој јавно ја избричи главата во знак на протест против Владата, објави Би Би Си.

На синоќешниот собир пред претседателската палата, пред своите приврзаници и новинари опозиционерот ја избричи главата во знак на протест против новиот министер за правда Чо Кук, чие семејство е вмешано во корупциски скандали. Од истата причина, минатата недела се избричија две пратенички. Сите тројца се од Конзервативната партија, која бара смена на Чо, кој ја презеде должноста минатиот месец.

Чо беше именуван на функцијата и покрај обвинувањата за финансиски и академски малверзации на членови на неговото семејство. И неговата сопруга е обвинета дека фалсификувала материјал кој и помогнал на нејзината ќерка да се запише на факултет и да добие стипендија. Обвинителите истражуваат и наводна измама во еден фонд поврзан со роднина на Чо. Истражителите во изминатите недели изведоа неколку рации во врска со членови на семејството на министерот.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски