Група јужнокорејски активисти пуштиле балони со 200.000 антивладини пораки над Северна Кореја, изјави денеска претседателот на невладината организација „Борци за слободна Северна Кореја“, Пак Сан-хак.
– Од страна на јужнокорејската Влада не се издадени барања за прекин на акцијата, бидејќи ние претходно не соопштивме за нашите намери, истакна Пак.
Тој изрази уверување дека ќе испраќаат балони над Северна Кореја.
Властите во Пјонгјанг ги споредуваат ваквите акции со „водење воени дејствија“ и се закануваат дека ќе извршат напади врз местата, од каде се испраќаат пораките.