Јужнокорејската претседателка се извини за политичкиот хаос

Од:

Претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун-хе, чие отповикување утрово е изгласано во Парламентот, се извини за политичкиот хаос во земјата и апелираше до Владата да остабе единствена за кризата да не влијае врз националната безбедност и економија.

– Им се извинувам на сите Јужнокорејци поради тоа што создадов национален хаос со своето невнимание додека нашата земја се соочува со толку проблеми од економија до национална одбрана, изјави Парк во телевизиското обраќање откако Парламентот го изгласа предлогот за нејзино отповикување.

Таа по гласањето во Парламентот свика седница на Влада, каде исто така се извину и побара од министрите да соработуваат со премиерот за да се избегне каков било вакуум во поглед на националната безбедност и економија.

Уставниот суд може да го разгледува предлогот за отповикување и до 180 денови, а должноста претседател ќе ја извршува премиерот Хванг Кјо-ахн.

Во скандалот поради што е покренато отповикување на претседателката, вмешана е и нејзина прихателка, која е обвинета дека влијаела на Парк за да ги наведе индустриските компании да вложуваат во сомнителни фондови, а потоа парите ги користела за лични потреби.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски