Јужнокорејската опозиција постави рекорд – над сто часа држи говори во Парламентот

Од:

Опозициските пратеници во Јужна Кореја бележат рекорд по најдолго одржан говор во Парламентот без прекин, навлегувајќи во шестиот ден од акцијата, која има цел да го блокира усвојувањето на антитерористичкиот закон, поддржан од Владата.

Говорите на опозицијата почнаа во вторникот и продолжуваат без прекин над 115 часа и денеска тие станаа најдолгата таква акција во светот, јавија јужнокорејски медиуми.

Маратонските говори го победија рекордот од 58-часовната седница на 103 пратеници од Новата демократска партија на Канада во 2011 година.

Говор изнеле вкупно 23 пратеници од јужнокорејската опозиција, кои во просек говореле по пет часа. Според нив усвојувањето на овој закон е закана за личните слободи.

Законот, поддржан од претседателката Парк геун-хе и од нејзината партија Сенури и дава повеќе надлежности на Националната служба за разузнавање во спроведувањето истраги за луѓе и организации.

Опозицијата бара од законот да биде отстранета одредбата, според која јужнокорејската разузнавачка служба ќе може да следи приватни комуникации.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски