Племиња од јужниот дел на Либија денеска во Рим потпишаа мировен договор, со кој е предвидена контрола врз 5.000 километaрската јужна граница на земјата, преку која минуваат илегални мигранти водени од криумчари, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи Марко Минити.
По тридневни преговори зад затворени врати племињата склучија договор од 12 точки, со кој се согласиле околу 60 лидери на племиња во присуство на претставници од либиската Влада во Триполи. Италијанското посредништво има за цел да ја поддржи борбата против трговијата со луѓе, поради која загинаа стотици илјади луѓе во Средоземното Море.
Минити истакна дека со заштита на јужната либиска граница ќе се овозможи безбедност на јужните граници на Европа.