Во предвечерието на Нова година јужнокорејската Влада ќе помилува 5.174 лица, јави јужнокорејската агенција Јонхап.
Добар дел од помилуваните, или 1.879 лица, се луѓе кои одбиле да служат во армијата од религиозни или лични убедувања. Во Јужна Кореја има задолжителна воена служба и таа трае две години, потсетува Јонхап.
Укинати ќе бидат казните за ситните нарушувања на правото, на четворица политичари и на активисти на синдикални движења. Во барањето за помилувањата меѓутоа нема да бидат вклучени големи газди и државни службеници кои биле замешани во корупциски скандали.
Јужнокорејските власти се надеваат ова масовно помилување на поранешните престапници да им овозможи побрзо враќање на нормалниот живот.