Најмалку 16 лица загинале а десетина се повредени во пожар што изби денеска во фитнес центар во јужнокорејскиот град Чечон.
Пожарот избил во сауната на фитнес центарот кој бил на вториот кат на зградата, а потоа се проширил врз целата осумкатница.
Над 50 пожарникари со 20 возила морале да интервенираат за да се совлада огнената стихија.