Приватен голф терен е новата локација на којашто САД, со дозвола на Јужна Кореја ќе го гради системот за противракетна одбрана ТААД, соопштија денеска од Министерството за национална одбрана во Сеул, пренесува БТА.
Противракетниот штит, којшто би послужил за одбрана од евентуален напад од страна на Северна Кореја, ќе биде завршен до крајот на 2017 година. Првично, изборот на Министерството падна на артилериската база во градот Сонџу, но локалните жители се спротивставија на тој план и изразија загриженост за нивното здравје.
Игралиштето за голф исто се наоѓа во областа околу Сонџу, но е подалеку од урбаните средини на градот.