Јужна Кореја денеска одржа вежби со употреба на боево оружје во Јапонското Море, каде Северна Кореја изминативе недели изврши серија ракетни тестирања.
Вежбите, при кои биле користени хаубици К-9, и 130-милиметарски ракетни системи, се одржаа во реонот градот Госеонг, до границата со Северна Кореја.
– Целта на маневрите е да се обработи сценарио на морска провокација од страна на Северна Кореја, изјави потпаролот на јужнокорејското Министерство за одбрана.