Јужна Кореја никогаш нема да го признае својот северен сосед за нуклеарна држава

Од:

Јужна Кореја никогаш нема да го признае својот северен сосед за нуклеарна држава и никогаш нема да развие нуклеарно оружје, изјави денеска јужнокорејскиот претседател Мун Џaе- ин.

-Напорите на Северна Кореја да стане нуклеарна држава не можат да бидат прифатени или толерирани, рече претседателот во говорот во парламентот.

-Ние никогаш нема да развиваме или да поседуваме нуклеарно оружје, потенцира тој.

Мун Џае-ин рече дека не може да има воени дејствија на Корејскиот Полуостров без согласност на Сеул и увери дека владата ќе продолжи да работи за мир на полуостровот.

Во септември, Пјонгјанг го направи шестиот нуклеарен тест, најмоќен досега. Северна Кореја истрела проектили способни да достигнат до голем дел од американскиот континент, што предизвика загриженост во Сеул.

Јужнокорејските медиуми и опозицијата инсистираа повторно да биде распоредено американско тактичко нуклеарно оружје, кое беше повлечено од полуостровот во 90-тите од минатиот век.

Но, претседателот Мун истакна дека политиката на Јужна Кореја за тоа прашање ќе се заснова на Заедничката декларација за ослободување на Корејскиот Полуостров од нуклеарно оружје, објавена од страна на двете Кореи во 1992 година.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски