Јужна Кореја денеска ја погоди силен тајфун од кој се повредени повеќе лица, соопшти јужнокорејската Метеоролошка администрација (КМА).
Од него се појавиле и неколку шумски пожари и оштетувања на згради, јавија јужнокорејските медиуми.
Ударите на ветрот достигнувале 100 километри на час и уништиле покриви и прозорци од куќи, а одложени биле бројни домашни летови и бродски линии.
Во земјата е издадено предупредување од прв степен, особено за Сеул.
Тајфунот предизвикал пожар на планината Сурак, во кој биле пеплосани 600 квадратни метри шума.