Јужна Кореја денеска официјално ги осуди севернокорејските кибер напади врз владините претставници во Сеул, апелирајќи на строги мерки за минимализирање на можната штета, јави Јонхап.
– Најновите кибер напади се голема провокација, директно поврзана со безбедноста на нашата држава и народ, изјави портпаролот на јужнокорејската претседателка Парк Гуе-хје, Џеонг Јеон-гук.
Тој рече дека целта на кибер нападите била да ја парализираат Јужна Кореја по нуклеарниот тест на Пјонгјанг во јануари.
Реакцијата на Џеонг следи еден ден откако Сеул ја обвини Северна Кореја за кражба на податоци од околу 10 јужнокорејски владини претставници, чии мобилни телефони биле хакирани.
Јужнокорејскта Национална разузнавачка служба соопшти дека севернокорејските хакери пристапиле до листата на телефонски разговори заедно со содржината од СМС пораките.