Јужен Судан се согласи на распоредување меѓународни сили на негова територија

Од:

Властите на Јужан Судан се согласија на територијата на земјата да бидат распоредени меѓународни сили составени од војници од државите од источна Африка, соопштија учесниците на средбата на претставници на членките на Меѓувладиното тело за развој, што се одржува во Адис Абеба.

Меѓувладиното тело за развој е регионална организација во која членуваат Етиопија, Еритреја, Јужен Судан, Кенија, Сомалија, Судан, Уганда и Џибути. 

Меѓинародните сили на оваа организација ќе ги засилат 12-те илјади мировници на ОН, кои веќе се стационирани во Јужен Судан.

Во соопштението од средбата во Адис Абеба се наведува дека останува дополнително да се утврди мандатот и бројноста на источнофиканските сили што ќе бидат испратени во Јужен Судан.

Идејата за засилување на меѓународното воено присуство во Јужен Суда уследи по обновата на судирите во оваа најмлада африканска држава кон средината на минатиот месец, при што загинаа над 300 лица, а околи 60.000 беа принудени да ги напуштат своите домови.

Судирите меѓу владините сили и припадниците на групите лојални на поранешниот  буновнички лидер Риек Мачар избувнаа, по речиси едногодишниот прекин на огнот, со кој беше ставен крај на граѓанската војна во земјата. Согласно договорот за прекин на огнот, Мачар беше избран за прв потпретседател на Јужен Судан.

Меѓутоа по возобновувањето на судирите, Мачар ја напушти земјата и претседателот Салва Кир го разреши од должноста и за в.д. прв потпретседател го именува членот на Владата на национално единство, Табан Денг.

Учесниците на средбата во Адис Абеба побараа од Мачар да се врати во земјата, а Денг се согласи да се откаже од потпретседателската функција и повторно да му ја препушти на поранешниот бунтовнички лидер.

Јужен Судан стана независна држава во јули 2011 години, но по само две години, во декември 2013 земјата беше зафатена од граѓанска војна меѓу владините сили лојални на претседталот Кир и бунтовниците предводен од Мачар. Војната заврши со мировен договор случен лани во август, но тој пропадна по минатомесечната обнова на судирите.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска