Јурова: Путин треба да е прв на листата за санкции

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин треба да биде опфатен со санкциите против Русија. Погрешно би било, доколку тој е изоставен, изјави денеска потпретседателката на Европската комисија (ЕК), Вера Јурова.

– Владимир Путин треба да биде прв на листата за санкции, појасни Јурова, која е и еврокомесар за вредности и транспарентност, за чешкиот весник „Хосподарске новине“.

Според неа, секогаш се поставува прашањето дали е тоа дипломатска вештина или покажување слабост.

– Јас тоа го гледам како ова второто, се наведува во изјавата за чешкиот весник, околу тоа како Путин бил изоставен од санкциите, договорени од министрите за надворешни работи на Европската унија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Лами: Путин не треба да има право на вето за присуството на европските мировни сили во Украина

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

ВИДЕО: Голем украински напад, пожар во клучната руска база

Зеленски: Путин сака да ја ослабне Украина

Трамп: Зеленски и Путин се за крај на војната