Јункер: Се надевам дека Трамп не објави твит за мене

Од:

Се надевам дека американскиот претседател Доналд Трамп не објави твит за мене, изјави денеска во Брисел претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Како што јави ДПА, ваквата изјава Јункер ја даде по неговата средба со Трамп, првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Европарламентот, Антонио Тајани и високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.

– Не сум сосема убеден дека денеска можам да кажам оти со САД споделуваме заеднички ставови околу Русија, изјави Јункер по средбата, која траеше речиси 30 минути поодолго од предвиденото.

Претходно, и Туск изјави дека на средбата станало видливо оти Трамп и ЕУ имаат различни ставови во врска со Русија, климатските промени и трговијата.

Би можело да ве интересира

Гренланд утре оди на клучни избори

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски