Јункер потврди дека сака да се повлече од функцијата претседател на еврогрупата

Од:

Претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер синоќа потврди дека сака да се повлече од фунцијата на крајот на оваа или на почетокот на следната година, пренесоа француските медиуми.

На прес конференција по завршувањето на вчерашното заседание на министрите за финансии од еврозоната Јункер изјави дека побарал на средбата да се размислува и за неговиот наследник.

Луксембуршкиот премиер е претседател на Еврогрупата од самото нејзино создавање во 2005 година. Неговиот мандат истече уште на 17 јули, но тој се согласи да остане на функцијата уште шест месеци.

Двете најголеми економии во еврозоната, Германија и Франција, до овој момент не можат да се договорат за наследникот на Јункер. Кандидатурата на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле наиде на отпор од страна на официјален Париз.

Запрашан дали се согласува да стане копретседател на Еврогрупата, заедно со неговиот германски колега Шојбле, францускиот министер за финансии Пјер Московиси само кажа дека и оваа варијанта на проблемот ќе биде разгледана.

– Важно е Франција и Германија да постигнат согласност за прашањето, забележа тој, признавајќи дека изборот на нов претседател на Еврогрупата ќе биде деликатен.

Би можело да ве интересира

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз