Јункер: Крајот на шенгенот значи крај на еврото и поголема невработеност

Од:

Во Европската унија ќе се зголеми стапката на невработеност доколку се распадне Шенген зоната, предупреди денеска претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

– Шенген зоната е една од најголемите достигнувања на процесот на европски интеграции. Без шенген, без слободно движење на работниците, без слобода на европските граѓани да патуваат, еврото нема смисла, изјави Јункер на прес-конференција во Брисел.

Според него постои поврзаност на шенген зоната со слободата на движење и внатрешниот пазар.

– Ако некој сака да ја убие шенген зоната на крајот ќе го убие и заедничкиот пазар, а тоа ќе предизвика проблеми со невработеноста во Европа, наведе Јункер.

Би можело да ве интересира

Словенија го суспендира Шенгенот и ја враќа граничната контрола со Хрватска поради војната во Газа

А1он

Полски дипломати продавале Шенген визи во Африка, Азија и Блискиот Исток

Хрватска го воведе еврото и влезе во Шенген

Фон дер Лајен: Влезот во Шенген и еврозоната е пресвртница на европскиот пат на Хрватска

А1он

Радев разочаран од одлуките на ЕУ: Критериумите за Шенген ги исполнивме уште во 2011 година

А1он

Сакеларопулу: Сакам да верувам дека за кратко време и Холандија и Австрија ќе ги повлечат резервите за приклучувањето на Бугарија кон Шенген

Ана Ололовска