Сакеларопулу: Сакам да верувам дека за кратко време и Холандија и Австрија ќе ги повлечат резервите за приклучувањето на Бугарија кон Шенген

Од:

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу во интервју за Бугарската национална телевизија коментираше дека Грција цврсто и упорно го поддржува влезот на Бугарија во Шенген, бидејќи смета дека се исполнети сите критериуми за тоа, што е и докажано, според оценка на европските институции.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Секаларопулу верува дека за краток период и Холандија и Австрија ќе ги повлечат резервите и ќе заврши процесот за пристапување на Бугарија кон Шенгенскиот договор, бидејќи тоа е од големо значење за европскиот развој, особено во овие геополитички околности, но и во контекст на односите меѓу Бугарија и Грција со ЕУ, бидејќи двете земји ги чуваат европските надворешни граници и имаат заеднички проблеми.

Значи, завршувањето на овој процес, според грчката претседателка, ќе биде од заедничка корист за ЕУ, а е значаен и за движењето на граѓаните на двете соседни земји, што во голема мера ќе се олесни.

Сакеларопулу смета дека Грција и Бугарија играат исклучително важна улога и почнаа да ја играат улогата на столб во Југоисточна Европа, а по руската инвазија на Украина, една од многуте кризи што се појавија е енергетската криза. Според неа, активностите што ги презема Грција, од кои некои ја вклучуваат и Бугарија, водат кон трансформација на Грција во енергетски центар. Во таа насока, таа коментира дека гасниот терминал Ревитуса работи и го удвојува своето производство, а и дава на пријателска Бугарија.

-Има голем број проекти меѓу Бугарија и Грција што ги поврзуваат на енергетски план, има многу проекти за поврзување, коментира таа, посочувајќи ја гасната врска меѓу двете земји.

Секаларопулу го наведе и примерот со пловечкиот терминал за гас во Александрополис, што беше отворен во присуство на бугарскиот премиер, но има и други значајни проекти во областа на железничката и патната инфраструктура. Таа ги потенцираше гасоводите меѓу Бугарија и Грција, а особено вертикалниот гасен коридор, што е на пат да се гради.

Овие проекти се важни не само за Софија и Атина, туку според грчката претседателка, ќе ја зајакнат Европа и многу добро ќе се вклопат во целокупното планирање на енергетската безбедност на ЕУ и Европа во целина.

Сакеларопулу коментира дека се разговара за идејата за пуштање на нафтоводот меѓу Александрополис и Бургас, велејќи дека за неа разговараат министрите за енергетика од Грција и Бугарија и експерти од двете министерства.

Таа, исто така, коментираше дека Грција и Бугарија тесно соработуваат на билатерално ниво со нивните различни контролни центри со цел подобро да се справат со миграциската ситуација.

Таа ги коментираше грчко-турските односи, изјавувајќи дека Турција го инструментализира миграциското прашање. И за оваа билатерална соработка меѓу Грција и Бугарија, многу е важно да се разговара со другите европски земји за потребата да се поддржат земјите на линијата на фронтот, но тие самите не го носат овој многу сериозен товар.

Сакеларопулу ја коментираше соработката во економијата меѓу Бугарија и Грција, велејќи дека тие се на многу високо ниво. Околу 40.000 вработени работат во бизниси со инвестиции од Грција.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе