Радев разочаран од одлуките на ЕУ: Критериумите за Шенген ги исполнивме уште во 2011 година

Од:

– Претседателот на Бугарија Румен Радев пред денешниот самит на Европскиот совет во Брисел се осврна на прашањето за пролонгирање на влезот на Бугарија во Шенген зоната и рече дека земјата ги исполнила сите услови за влез во Шенген.

Разочаран од одлуката на министрите пред неколку дена, Радев изјави дека Бугарија ги исполнила сите барања на ЕУ уште во 2011 година, пренесе кликс.ба.

– Ги исполнивме сите критериуми уште во 2011 година. Сè друго се внатрешни политики на државите кои се жалеа. Не можам да зборувам за бројките на мигрантите кои минуваат низ Бугарија. Повеќето од нив доаѓаат преку други рути. Ние сме посветени на заштита на нашата граница. Тројца наши граничари загинаа, беа убиени штитејќи ја границата. Овие луѓе ги дадоа животите штитејќи ја надворешната граница на ЕУ и земјите северно и западно од нас, рече Радев.

Тој исто така нагласи дека очекува Бугарија да биде третирана исто како и другите земји-членки на ЕУ.

– Бараме Бугарија да се третира исто како и другите земји. Бев во комуникација со австрискиот премиер Нехамер, со претседателот на Австрија и верувам дека заедно можеме многу брзо да најдеме решение. Правиме сè што можеме за да ја заштитиме надворешната граница на ЕУ. Не нè оставајте сами. Ниту една земја сама не може ништо да направи, заклучи Радев.

Хрватска од 1 јануари 2023 година ќе стане членка на Шенген зоната, а Бугарија и Романија уште чекаат влез во Шенген.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит