Јункер го предупредува Трамп: Ако ЕУ се распадне, на Балканот ќе има војна

Од:

Првиот човек на Европската комисија Жан-Клод Јункер го предупредил американскиот претседател Доналд Трамп дека е можна нова војна на Балканот, пишува денеска „Катимерини“, повикувајќи се на негово интервју за „Фајненшл Тајмс“.

Во интервјуто Јункер изразил загриженост за реакциите на Трамп по одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија.

Претседателот на Европската комисија го предупредил американскиот потпретседател Мајк Пенс дека постои опасност од уште една војна на Западен Балкан, доколку ЕУ се распадне, при што како причина го навел и охрабрувањето на Трамп кон другите земји членки да си заминат од Унијата по Брегзит.

Пенс беше во Брисел на 20 феруари, но досега немаше детали за разговорите. Јункер првпат зборува за средбата во ексклузивното интервју објавено денеска во „Фајненшл Тајмс“, пишува „Катимерини“.

– Му реков на потпретседателот да не го кажуваат тоа. Не ги повикувајте другите да си заминат, затоа што ако се распадне Европската унија, ќе имате нова војна на Западен Балкан, рекол Јункер во интервјуто.

Според „Катимерини“, како што јави дописникот на МИА од Атина, тој исто така потенцирал дека е важно на земјите од регионот да им се понуди перспектива за членство во Европската унија.

– Ако ги оставиме сами, Босна и Херцеговина, Република Српска, Македонија, Албанија, сите овие земји, повторно ќе имаме војна, ја пренесува грчкиот весник изјавата на Јункер за „Фајненшл Тајмс.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Трамп: Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што да прави

Катерина Ѓуровски

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Американските обвинители ја прекинаа кривичната постапка против двајца соработници на Трамп

Горан Наумовски

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

„Гугл“ ќе му угоди на Трамп, ќе го преименува Мексиканскиот Залив