Јоко Видодо нов претседател на Индонезија

Од:

Централната изорна комисија на Индонезија синоќа соопшти дека за нов претседател на оваа 250 милионска држава е избран Јоко Видодо, кандидат на коалицијата предводена од Демократската Партија на Борбата.

Јоко „Јокови“ Видодо освоил 70 милиони и 997 илјади гласови, што е 53,15 посто од бројката на тие што гласале за нов претседател на изборите одржани на 9 јули.

Вториот кандидат Прабово Субианто, од коалицијата на партијата „Гериндра“ одби да ги признае резултатите и најави дека ќе бара интервенција на Уставниот суд поради, како што тој смета, низа неправилности и изборен фалсификат.

Централната изборна комисија на Индонезија ги објави истите резултати што ги пресметала Агенцијата за супервизија на изборите, така што идејата на Прабово да го добие претседателскиот мандат со одлука на Уставниот суд е невозможна мисија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени